×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Едноставно нели?

    Емил Ташевски

    Најголемиот проблем на сите македонски политичари почнувајќи од Бранко Црвенковски, па сѐ до овие претседатели на влади, или дезориентирани марсовци после него е немање визија.

    Деценискиот сон за своја држава се претвори во нивно вшмукување на пари, распродавање, уништување и рекетирање на домашното производство. Државата, што би рекол Ниче, за нас стана апстрактна идеја. Ако државата е збир на институции и процеси (како парламент, влада, правен систем, избори...) во рамките на географски ограничена територија, таа, се разбира, во опиплива смисла не постои. Добра држава е онаа која ги почитува институциите и процесите на интересите на општеството, овозможува постоење и достоинство на сите или на огромното мнозинство граѓани. Реално тоа кај нас не е пример од претходните три децении.

    На еден старо-нов локален портал во претходниот период има рубрика “Едно прашање еден одговор” во која некој ги прашува претседателите на двете најголеми политички партии во Куманово што мислат за претстојните парламентарни избори. Самата нивна неозбилност и самата политичка плиткост, но “пусто турско” да се излезе во јавност и да се собираат лајкови од луѓето кои материјално зависат од нив е тоа што веројатно само тие знаат кој им го има поставено тоа прашање. Но, кој и да го поставил до нив тоа прашање најверојатно сака да си игра Монти Пајтон затоа што предвреме ги знае нивните одговори. Нивната политичка плиткост во одговорите оди до таму што сами се прогласуваат за победници, а нормално оној другиот е лош без да дадат решение на читателите и граѓаните што понатаму. Идентичноста на нивните одговори е толку слична што ме доведе до сомневање дека ги пишувале од ист компјутер седнати еден до друг. Визијата за добра држава која ја дефинирав погоре во текстот во нивните одговори одамна има изгубено смисол.

    Состојбата на светот е последица на верувањата за тоа што е пожелно, добро и корисно, правилно и прифатливо. Луѓето се однесуваат според она во што веруваат. Затоа компаниите навистина не се грижат за екологијата додека климатските промени не ги погодат во глава.

    Затоа компанија која ќе западне во неволја отпушта работници и го префрла производството на места каде работната сила е поевтина, а можела да избере стратегија за подобра обука на вработените и зајакнување на нивната лојалност, со што би се зголемил квалитетот и би се намалиле трошоците. Сè зависи од убедувањето на сопственикот и менаџерот.

    Кога сме кај нашите убедувања и вредности, цели и идеи во кој правец сакаме да се движи нашата држава, или да направиме подобро општество барем за нашите поколенија ако во овој момент тоа не е возможно за нас, зошто ние не ги кажеме јасно и гласно нашите барања и идеи па кој ги стави во изборната програма за него да го дадеме својот глас.  Освен добра држава која ја споменав сакам секој оној кој е предложен на кандидатска листа и кој во иднина ќе биде пратеник да се откаже најпрвин од патните трошоци, а со тоа заради потребата од работните обврски да биде сместен во соба на еден од студентските домови во Скопје, а за пратениците кои живеат на територија на град Скопје и кои не сакаат да пешачат до нивното работно место да им биде обезбедена гратис месечна карта во јавниот превоз. Со ова мислам дека ќе се подобрат и условите во студентските домови, но и услугите на јавниот превоз. Јас верувам дека ова е остварливо и толку едноставно некој да го стави во изборната програма, а од друга страна толку тешко за плиткоста која ја нудат двете најголеми партии сите овие изминати години. Нивната визија што ја споменав на почетокот од текстот не се совпаѓа со едноставноста и нормалноста на обичниот граѓанин. Тогаш шансата нека ја добие некој трет. Едноставно нели?

    Емил Ташевски Дипломиран инженер по информатика на ФИНКИ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*