Кумановоњуз.мк (www.kumanovonews.mk) е проект на „Тастатура“ ДООЕЛ, регистрирано Друштво за медиуми, продукција и маркетинг, во Куманово. Оваа страница ве информира за нашата политика на собирање и употреба на лични податоци што ги добиваме од посетителите на веб сајтот. Содржините на сајтот се бесплатни и се наменети за користење какви што се.
Вашите податоци ги користиме за подобрување на сајтот и маркетинг анализи за полесно да продаваме реклами. Со користење на сајтот, се согласувате вашите податоци да бидат собирани и употребени согласно оваа политика.
Податоците што ги собираме се тие што ги испраќа вашиот интернет прелистувач кога ќе го посетите нашиот сајт. Таквите податоци содржат информации за вашата ИП адреса, типот и верзијата на прелистувачот, оперативниот систем, кои страници на сајтот ги посетувате, времето и траењето на вашата посета и други статистики. За собирање на овие податоци го користиме сервисот „Гугл Аналитикс“, СтатКаунтер и Смартоко.
Овие податоци ги користиме само збирно, на пример како месечна статистика за вкупниот број на посетители и прегледи на страници, процентуална застапеност на употреба на мобилни или десктоп уреди, географска припадност на читателите и слично. Трети страни немаат директен пристап до овие податоци. Сајтот користи линкови со содржини на трети страни кои можат да соберат информации што се користат за да ве идентификуваат.
Согласно Политиката на приватност, ниту еден од вашите лични податоци нема да бидат објавувани јавно или на кој било друг начин оттуѓувани во корист на други правни и физички лица.
Собирањето имејл адреси е исклучиво на доброволна база и нив ги користиме самo за поставената апликација newslеtter, односно за нашиот Клуб на читатели, со цел испраќање на текстови, а може во секој момент да се откажете од добивање мејлови.
Нашите сајт користи колачиња за собирање податоци, како на пример за „Гугл Аналитикс“ и за реклами на нашите партнери, но преку вашиот прелистувач можете да ги одбиете сите колачиња.
Политиката за приватност можно е да се ажурира повремено и затоа ви препорачуваме периодично да ја разгледате оваа страница за какви било промени. Ќе бидете известени за какви било промени во Политиката за приватност на оваа страница. Промените се ефективни веднаш откако ќе бидат објавени на оваа страница.
Ако имате какви било прашања, контактирајте нѐ на [email protected] и [email protected]