×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Имамо пушени ноге и уши

    Војче Крстевски

    Е, мој македонски јазик-каде си? Нема што да се чудам, кога читам и слушам по нашите медиуми кои треба да бидат огледало за употреба на литературниот македонски јазик какви се не кованици се употребуваат, а се со цел дека наводно повеќе бидат слушани или читани. Не е во прашање само употребата на кумановскиот дијалект и таму кај што може и таму кај што не мора, туку односот кон својот мајчин јазик, кон народот на кој му припаѓаш. Новинарите во овој случај имаат посебна обврска и одговорност. За жал, добар дел од нив намерно, што е класична злоупотреба користат такви вулгаризми што не доликува на уличари, а ками ли на новинари.

    На 13-тти овој месец во Пелинце борците ја одбележаа 70-годишнината од битката на Пелинце помеѓу кумановскиот партизанскио баталјон Јордан Николов-Орце и злогласниот бугарски полициски одред “Бенковски“, во која загинаа партизаните Ангел Лазаревски-Шајче и Трифун Ангеловски-Летеќи. Така вели историјата и не треба никогаш да се заборави, а спомениците и спомен обележјата да се чуваат бидејќи се наша историска читанка. Но, дали е така? Присутните на одбележувањето на битката на Пелинце беа згрозени од она што го видоа и гласно коментираа: Кој беше тој идиот што на целата бела површина на споменикот се “сетил“ да напише изборна порака “Наш 18 човек“? Незнам како “нивниот човек“ поминал на локалните избори, но знам дека двете општини-Куманово и Старо Нагоричане чии делегации секоја година полагаат цвеќе пред споемен-обележјето имаа доволно време да го избришат овој предизборен графит. Кој очекуваат тоа да го направи? -Некоја институција која се грижи за спомениците и спомен-обележјата! Ма ајде ви се молам! Се некако чекаме некој друг да ја заврши работата и некој друг е виновен. Зарем е тешко да се купат две-три кутии боја, четка во раце и добра волја и за еден час се да се заврши и спомен-обежјето да биде како што треба. Да не треба двете општини да распишат тендер и за ваква работа? Ова само зборува за нашиот однос кон минатото, кон историјата, кон луѓето кои за оваа наша слобода го дале својот млад живот.Но, овој пример не е изолиран-слично е и со нагрдувањето на Спомен-костурницата на паднатите борци од НОБ во Куманово. Во оваа наша држава ми се чини ќе се најдат пари за многу глупости, ама за вакви “ситници“- нема. Многу попаметни од мене рекле дека “народ кој не знае да си го цени своето минато не знае и каква иднина го чека“.

    Екологистите повторно се фатија за отпадот кој со години им го загорчува животот на жителите од Пчиња, Студена Бара, Вакав, а главоболки им создава и на првите луѓе во општината кои сакаат еднаш за секогаш да се реши проблемот со депонијата на Краста, но тоа оди бавно. Проблемот се знае-парите. Како што е редот кај нас-првин треба да има политичка волја, па да се изработи студија, па да се избере место каде би била лоцирана, па да се обезбедат кредитори, па кој кој тип ќе биде-горилница или нешто слично, па кој ќе стопанисува со неа и сл. И така, времето минува, градот расте, расте и нервозата.

    Поминаа сите празници во јануари-се испразнија џебовите. Беа Водици, а на нив и Кумановската пивтијада 14-тта по ред. Сите рекоа Бог се јави. Се јави ли да ни каже дали годинава ќе имаме истовремено претседателски и вонредни парламентарни избори. Се јави ли да ни каже дека за нас Македонците слогата е многу поважна отколку на пример за Србите кои четирите “С“ ги имаат на својот штит.

    Војче Крстевски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*