×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • (НЕ)МОРАЛОТ НА КУМАНОВСКИТЕ „ВЛАСТОДРШЦИ“

    Бране Петрушевски

    И по 20 години траење на убавата реалност дека живееме во независна и суверена Република Македонија, некои луѓе (особено локалните „властодршци“) сеуште неможат да ја восприемат оваа реалност. Сеуште неможат (или можеби не сакаат!?) да се навикнат на таа реалност, па пишуваат колумни, каде за споредби употребуваат југо-носталгичарски турбо фолк песни, реки од просторите на бивша Југославија и наслови на партизански филмови. Ќе се послужам со еден текст што циркулира низ популарната социјална мрежа Facebook, со цел да им помогнам полесно да ја прифатат оваа реалност: „Низ срцето на Македонија тече Вардар, а не Дунав... Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран... Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк... Слобода ми донесе мојот дедо, а не КПЈ... Македонија ја создаде Господ, а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!“ Можеби токму јубилејот кој наближува, 20 години независнот на нашата држава, ме инспирира да направам една своја анализа на се она што се случувало, се случуваше и се случува на политичката сцена во Република Македонија, како на државно, така и на локално ниво. И сега, нема да Ве оптеретувам со таа моја анализа, туку само ќе речам - државата напредува. Од година во година, од избори до избори, се подигнуваат стандардите во политиката, се поставуваат нови принципи, така што, секоја наредна владеачка гарнитура е принудена да ги почитува и надградува овие стандарди и принципи. Да бидеме реални, веќе не се добиваат избори со ветувања од типот, по еден вработен во секое семејсто, милијарда од Тајван и сл. Веќе не може ниту да се замисли победа на избори, без реална и издржлива изборна програма, со конкретни проекти и рокови, која ќе соодветствува на реалните потреби на граѓаните. Од изборни програми во 90-тите години немаше ниту абер. Исто така, последниве години за прв пат сме сведоци и  на тоа, како се реализираат проекти кои беа запишани во изборна програма и како се дава отчет за сработеното. Присетете се дали вакво нешто постоеше во минатото. Ваквите тенденции придонедуваат за подобрување на квалитетот на животот, што во некои сфери веќе се чувствува, а во некои сфери допрва ќе се почувствува. Но, дали ваквиот тренд на напредок е евидентен на локалната политичка сцена во нашиот град? Ќе бидам искрен, без разлика на мојата политичка определба, би сакал одговорот да е ДА. Но за жал, вистинскиот одговор е НЕ. Можеби некој ќе рече дека не сум во право, нешто се менува, нешто се изгради, порано ништо не се случуваше. Нема да докажувам дали реално вреди она што е изградено, наспроти она што можело или требало да се изгради, нема да го докажувам (не)квалитетот на тоа што е изградено и тн. Ќе се навратам повторно на тоа, дека некој привидно ќе помисли дека се напредува во Куманово, паралелно на напредокот на државно ниво. Најпрвин, за да го докажам моето тврдење дека не се напредува, ќе ви наведам некои факти, а во демократски стил ќе ви оставам Вам, почитувани читатели, да го донесете заклучокот. Првиот факт кој треба да се земе во обзир при одговарање на поставеното прашање е што, согласно процесот на децентрализација, голем дел од надлежностите од централно ниво се префрлија на локално ниво. Со надлежностите се префирлија и давачките, па буџетот на општината многу „нарасна“. Затоа, според мене (а вие сами донесете си заклучок), некој може привидно да помисли дека нешто се случува, затоа што реално, како најголема општина, Куманово има голем буџет, а со тоа и можност да реализира голем број на крупни проекти, кои, за жал, ги нема... Следниот факт кој ќе го наведам е што во Куманово, сите овие 20 години (па и многу повеќе, но тоа е друга приказна) владее една иста гарнитура, со иста идеолошка матрица. Во Куманово никогаш не е видена промена на власта, како една од најдемократските придобивки на повеќе-партискиот систем. Ваквата долгогодишна комотна позиција на владеачката гарнитура во Куманово, повторно според мене (а вие повторно донесете си заклучок), придонесе не само да нема напредок, туку да има уназадување во сите сфери, но посебно во моралот и етичките вредности што треба да ги поседува еден политичар. За ова последново ќе наведам уште еден факт, настрана од нереализацијата на ветените проекти, промовирањето на југоносталгизмот, одобрување и заштита на криминалот, доведување до неликвидност на одредени општински јавни претпријатија, градежната мафија, урбаниот хаос и многу други помалку и повеќе познати работи. Имено, се запрепастив кога некои граѓани ми се јавуваа да ми кажат дека, по одредени места циркулира список на граѓани од тие места, кои доколку сакат да им се изгради канализација, требало да гласаат за актуелната локална власт. Во денешно време, кога согласно цивилизациските стандарди, а и согласно обврските на општините да обезбедат приклучок на канализациска мрежа на секој граѓанин кој платил комуналии, да се злоупотребува маката на граѓаните и да се уценуваат, за мене е шокантно и крајно неморално. Уште ако се земе в предвид дека парите за подобрување на канализациската инфраструктура ги обезбеди Владата на Република Македонија, без никакви финансиски импликации за општина Куманово, веќе станува и срамно. На крај, во овој контекст, ќе наведам и еден парадокс, кој го пласираат кумановските „властодршци“. Според нив, причината поради која општина Куманово добила најмногу пари од сите други општини, наменети за подобрување на канализациската инфраструктура, е тоа што, Куманово е најнеразвиена општина во тој дел. Епа почитувани сограѓани, кој управува со Куманово последниве 20 години, па и многу повеќе?

    На крајот ќе ја искористам оваа можност, на сите читатели на KumanovoNews да им ја честитам дваесет годишнината од независноста на Република Македонија

    Член на Совет на општина Куманово

    Бране Петрушевски советник на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Куманово

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*