Сузбиена е криминална група инволвирана во вршење на кривични дела против културното наследство, оперирала и во Куманово
Во координирана полициска акција сузбиена е 12-члена организирана криминална група, која подолг временски период делувала на подрачјата и околината на Прилеп, Струмица, Пробиштип, Неготино, Куманово, Свети Николе, Кавадарци и Кочани, инволвирана во вршење на кривични дела против културното наследство и природните реткости.