Мени

Приведен кривопаланчанец, извршил тешка кражба во куќа во Илинден

18.12.2020 09:01 | KumanovoNews

Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба, вчера го лишиле од слобода Н.В.(21) од Крива Паланка, поради сомнение дека на 1 ноември извршил тешка кражба во куќа во населба Илинден – Скопје.

Приведен кривопаланчанец, извршил тешка кражба во куќа во Илинден

Н.В. бил приведен во полициска станица, со него бил извршен разговор и, во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.