Најдобрите наставници и ученици од Крива Паланка добија признание на Денот на просветителите Крива Паланка ги прогласи првенците на генерацијата и најуспешните наставници за 2024/2025 година на свечена академија по повод Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј.
БИРН објави база на податоци за имотот на МПЦ-ОА и ИВЗ Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) ја објави база на податоци „Верски имоти под лупа“, која за првпат обезбедува увид во имотот на двете најголеми верски заедници во земјата – Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и Исламската верска заедница (ИВЗ), онака како што овој имот е впишан во македонскиот катастар.
Владата ќе набави 120 електрични автобуси и ќе ги донира на Скопје и на општините кои имаат градски превоз, за да се намали аерозагадувањето Почната е постапка за набавка на 120 електрични автобуси, кои ќе се донираат на Градот Скопје и на општините кои имаат градски превоз, најави денеска премиерот Христијан Мицковски.
Пензионери ќе можат да работат и да примаат пензија, дополнет Законот за работно ангажирање Со дополнување на Законот за работно ангажирање на лица, се овозможува да работат пензионери, студенти и странци.
Повеќе од 50 интернет медиуми ги напуштија агрегаторите за вести, заради заштита на авторски права Заради заштита на авторските права, повеќе од 50 македонски интернет медиуми ги напуштија агрегаторите на вести, како Тајм.мк, Грид.мк и Вести.мк, соопшти Здружението Онлајнмедиа.мк.
Кривична пријава против градоначалникот и двајца службеници во Општина Крива Паланка за несовесно работење Одделението за внатрешни работи Крива Паланка, до Основното јавно обвинителство Крива Паланка, поднесе кривична пријава против М.К.(41), Н.Ц.(54) и С.М.(38), тројцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“.
Второ место на државен натпревар за училишниот оркестар од Младо Нагоричане Оркестарот на основното училиште „Христијан Карпош“ од Младо Нагоричане освои второ место на државниот натпревар на училишни оркестри, што се одржа минатата недела во малата сала на Македонската филхармонија во Скопје.
Во Крива Паланка сe одржа турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители Со меморијален турнир во мал фудбал во Крива Паланка вчера беше оддадена почит на загинатите припадници на МВР и АРМ.
Поради висок напон и ниска потрошувачка испадна преносниот систем, велат од МЕПСО Во раните утрински часови дојде до дефект и краткотраен испад на 110-киловолтната преносна мрежа, што предизвика поголемиот дел од државата да остане без напојување со електрична енергија, соопштија од државната компанија за пренос на електрична енергија АД МЕПСО.
Крива Паланка ќе добие нов парк во центарот на градот Во завршна фаза се активностите за изградба на нов парк на просторот кај комплексот згради до зелениот пазар во Крива Паланка.
Кривична пријава за мачење животни Кумановската полиција до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“.
Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за заедничка контрола на Табановце - Прешево пред летната сезона Министрите Панче Тошковски и Ивица Дачиќ вчера во Белград потпишаа договор за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце - Прешево, кој треба да овозможи имплементација на вистински „One Stop“ систем со цел побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.
Промената не доаѓа сама – ја носиме ние, порачаа младите од локалниот совет на Крива Паланка Во Европска куќа Крива Паланка, вчера се одржа панел-разговор посветен на улогата на младите во локалната демократија и значењето на Локалните младински совети.
Отворен е регионален стационар за згрижување на бездомни животни во Кавадарци Центар за згрижување бездомни миленици денеска официјално беше отворен во населбата Глишиќ во Кавадарци. Во него треба да се собираат сите бездомни животни од целиот Вардарски регион.
Oколу 900 апликации од 80 општини стигнале на вториот владин повик за инфраструктурни проекти Сите 80 општини поднеле апликации за реализација на инфраструктурни проекти од вториот повик на Владата, за кој се предвидени 250 милиони евра.
Повик за поддршка на проекти од областа на културата и спортот објави Општина Старо Нагоричане Општина Старо Нагоричане распиша оглас за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации за тековната 2025 година.