Ќе се реконструира пешачката патека кон манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ Пешачката патека кон манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“, во живописната околина на „Бабин Дол“, ќе биде рекоструирана и уредена за посетителите и туристите кои уживаат во пешачењето и рекреативните активности.
Промовиран првиот самостоен албум на џез музичарот Гордан Спасовски Џез музичарот Гордан Спасовски од Крива Паланка, синоќа го промовираше својот прв самостоен албум „Light Pillar“, кое е воедно второто издание на Здружението на џез музичари Рекордс.
Амбасадорите на Италија и Словенија во посета на Крива Паланка Aмбасадорите на Италија и Словенија, Андра Силвестри и Милан Предан, денеска престојуваа во работна посета на Општина Крива Паланка.
Во акцијата „Генералка викенд“ расчистени 35 локации во Крива Паланка Во денешната акција „Генералка викенд-Чисто како дома исто“, што се реализираше во Крива Паланка, целосно се расчистени 34 локации и собрани се огромни количини отпад.
Одбележан Денот на Европа во Крива Паланка Денот на Европа „9 Мај“ беше одбележан во Крива Паланка со пригодна свеченост на која учествуваа млади локални уметници.
Приведен Турчин за фалсификувана зелена карта Вчера, во 08.45 часот, на граничниот премин „Деве Баир“, на влез во државата, при извршена контрола на У.М.Н.(28) од Турција, кој управувал товарно возило „даф“ и полуприколка со турски национални ознаки, било констатирано дека за полуприколката поседувал фалсификувана зелена карта.
Се реновира СОУ„Ѓорче Петров“ од Крива Паланка Во СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка се реновираат и опремуват повеќе објекти за подобрување на условите за работа и настава.
Петрунка Пепи Илиевска, патронажна сестра, две децении помага и носи радост на мајките и бебињата Родена е на 5-ти мај, Светскиот ден на акушерките, по професија е акушерка и веќе 21 година како дел од Патронажната служба при Здравствениот дом од Крива Паланка им помага на мајките, бебињата и семејствата во основната здравствена грижа.
Генералка викенд во Крива Паланка По повод Денот на Европа „9 Мај“ во општина Крива Паланка ќе се спроведе голема акција за чистење на градот и зачувување на животната средина, насловена како „Генералка викенд“.
Велигденска традиција преточена во уметност Традициите не само што симболизираат одредени верувања, тие го собираат семејството во домот, околу трпезата, што е многу значајно особено во овие времиња кога многу вредности почнаа да се губат, а семејството е коренот од кој се разгрануваме, светост која треба да ја почитуваме и негуваме.
Композиција на џез музичарот Гордан Спасовски на репертоарот на Балканскиот младински џез оркестар Дело на младиот македонски композитор Гордан Спасовски од Крива Паланка е меѓу десетте композиции на репертоарот на Балканскиот младински џез оркестар, чија премиера е вечерва, со почеток во 20 часот, во Културно-информативниот центар „Будо Томовиќ“ во Подгорица.
Во Североистокот казнeти 27 лица за непочитување на полициски час, 321 за неносење маска Вкупно 321 лице од општините во Североисточниот регион, е казнетo за време на викенд, затоа што направиле прекршок за неносење на заштитна маска на јавно место.
Во Североисточниот плански регион ќе се формира Совет за социјална заштита Североисточниот плански регион е избран за пилот регион во кој ќе се формира Совет за социјална заштита , во рамките на проектот „Инклузивен и одржлив рамномерен регионален развој“, кој го спроведува Министерството за локална самоуправа, со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка.
Поставени нови садови за смет во Крива Паланка Вкупно 30 нови садови за смет обезбеди ЈП „Комуналец“ од Крива Паланка, кои се наменети за централното градско подрачје.
Забранета за пиење водата во кривопаланечките села Луќе и Добровница Водата во селата Луќе и Добровница, кривопаланечко, е забранета за пиење, бидејќи е утврдено дека не е безбедна. Од Агенцијата за храна и ветеринарство – Подрачна единица Крива Паланка, до општината се пристигнати извештаи од спроведено тестирање и анализа, кои покажуваат дека водата од локалните водоводи и јавните чешми, во однос на физичко-хемиската анализа, не одговара на законските прописи за здравствена безбедност.
Се подобрува комуналната инфраструктура во Крива Паланка Со повеќе инвестициски зафати интензивно се гради и доуредува комуналната инфраструктура во Крива Паланка. Истовремено се одвиваат градежни активности на повеќе локации, со кои се решаваат проблемите од комуналната сфера за жителите и за развој на општината.