Мице Јанкуловски- уметник на светот во црна форма „Ми требаа 50 години за да сфатам дека црната боја ги содржи сите бои и се движи кон светлината“, вели мултимедијалниот уметник Мице Јанкуловски, кој по повод 50-годишното творештво има изложба на своите дела во ЛУ Градскиот музеј од Крива Паланка.
Крива Паланка потпиша договор за енергетски ефикасно осветлување преку јавно-приватно партнерство Општина Крива Паланка ќе добие енергетски ефикасно улично осветлување преку модернизација на системот по ЕСКО модел, кој ќе се реализира во рамките на јавното-приватно партнерство со Македонски телеком АД Скопје.
Рапидно зголемен бројот на новозаболени од ковид-19 во Крива Паланка Вкупно 115 нови случаи на заболени од ковид-19 се регистрирани во Крива Паланка за последните 10-тина дена, што претставува најголем бран на ширење на вирусот од почетокот на пандемијата. Денеска е регистиран еден починат и 5 новозаболени.
Изложба на слики на уметникот Мице Јанкуловски во Градскиот музеј во Крива Паланка Во Градскиот музеј од Крива Паланка, вечeрва во 19 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на дела на мултимедијалниот уметник Мице Јанкуловски, по повод 50 години творештво.
40 стари и изнемоштени лица од Крива Паланка ќе добиваат помош и нега во домот Вкупно 40 стари, изнемоштени и осамени лица од Општина Крива Паланка, кои не се во можност да обезбедат основна социјална и здравствена грижа, ќе добиваат бесплатна нега и помош во домашни услови од страна на сертифицирани негуватели.
Се асфалтира патот до маалото Брадиновци во Младо Нагоричане Преку проект на Центарот за развој на Североисточен плански регион, а со средства од Бирото за рамномерен регионален развој, се асфалтира патот до маалото Брдановци во Младо Нагоричане.
Манастирот Матејче доби 1 милион денари за заштита на црквата и камбанаријата Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс Матејче, по долго години заборавеност ќе добие пари од државата за заштита на архитектурата и иконите. Министерството за култура за проекти од национален интерес во областа на недвижно културно наследство во 2021 година во програмата културно наследство во опасност, одвои еден милион денари за превентивни интервенции на архитектурата и ѕидното сликарство на црквата и на камбанаријата на црквата Успение на Пресвета Богородица.
Поголема контрола на болните од ковид-19 кои не ги почитуваат мерките, побара Кривопалaнечкиот кризен штаб Општинскиот штаб за заштита и спасување на Крива Паланка бара засилени мерки и контроли врз болните од ковид-19, кои ги злоупотребуваат излегувањата за контроли и примање на терапија во кривопаланечката болница.
Oтворена Европска куќа во Крива Паланка Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, со симболично предавање на европскиот клуч на младите, официјално ја отвори Европската куќа во Крива Паланка. На свеченоста присуствуваше и претседателот на државата Стево Пендаровски.
Опожарен станбен објект во Крива Паланка Во Полициската станица Крива Паланка вчера во 11.40 часот, било пријавено дека настанал пожар во станбен објект на улица „Единство“ во Крива Паланка.
Во Крива Паланка се одржа средба за унапредување на средното стручно образование Отворање на медицинска, електротехничка, машинска и угостителско-туристичка струка, во средните училишта во Крива Паланка и Кратово, побараа денеска градоначалниците Борјанчо Мицевски и Љупчо Бојаџиев, од министерката за образование и наука Мила Царовска, на јавната дебата под наслов „Учи паметно, работи стручно“.
Парична помош за студенти и новороденчиња, субвенции за вода за лицата со попреченост, обезбеди Општина Старо Нагоричане Општина Старо Нагоричане во 2021 година во својот буџет обезбеди средства за субвенционирање на неколку категории на граѓани.
Кратово нема да организира прослава за патрониот празник Општина Кратово ја откажа главната манифестација за одбележување на патрониот празник на градот „Свети Ѓорги Кратовски“, која секоја година се одржуваше на Градскиот плоштад на 24 февруари.
Во Кривопаланечко отсечени повеќе планински села Повеќе оддалечени планински села во општините Крива Паланка и Ранковце останаа отсечени по обилните снежни врнежи овој викенд, а надлежните прават напори за расчистување на локалните и регионални патишта.
Нови артефакти од археолошкото наоѓалиште „Градиште“ во Градец, Кривопаланечко На локалитетот „Градиште“, во село Градец, Кривопаланечко, извршени се нови археолошки истражувања, кои се дел од повеќегодишниот континуитет на валоризација и заштита на ова вредно наоѓалиште.
Сe бараат решенија за непречена изградба на пругата кон Бугарија Изградба на пругата и железничкото поврзување со Бугарија е од огромно економско и политичко значење и е од врвен државен приоритет. За таа цел треба максимално да ги мобилизираме сите расположови ресурси во решавање на предизвиците во овој процес и да ја искористиме можноста за непречена имплементација и реализација на најголемиот инфраструктурен капиталнен проект, истакна директорот на ЈП Железници Инфраструктура Хари Локвенец на денешниот работен состанок во Крива Паланка.