×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Шегата и мајтапот во Старо Куманово

    Шегата и мајтапот во Старо Куманово

    Кумановските шеги и мајтапот се се однесувале главно на сиромаштијата и убавата дружба, а содржат и поучен дел кој наликува на сказните кои секогаш носат наравоучение. Кумановските шеги се слика на нашиот град во кои ако не се „огледаш“ не си вистински жител на градот.

    Серенаде у Куманово

    Серенаде у Куманово

    Серенаде како песме у чeст на сакани, испуњавав се обично под њини прозори, датирав од среѓан век и њина татковина су Италија и Шпанија. Од тамо су пренесени и у други европски земље, а како посебна форма на забаву у вечерњо време ги користиле и кумановски беќари у предратну Југославију.

    Првиот водовод во Куманово

    Првиот водовод во Куманово

    Куманово, во сеќавањето на постарите е со тесни улички, некои поплочени со калдрма, полни со прашина во летните денови, а со вода и кал во зимата. Луѓето не знаеле што е асфалт, бетон, канализација и водовод, а куќите главно биле градени од камен и керпич.

    Старо Куманово: Тумба

    Старо Куманово: Тумба

    Во старо Куманово, од времето на Турската империја, најзначајни објекти биле: Тумба, Ќурчијана, Безистен, пазарот за дрва и дрвен ќумур Одан-пазар и пазарот за сол. Тумба е некогашниот и сегашниот центар на градот. Како биеле дамарите на Тумба така живеел и градот и жителите на градот. Тоа е местото кое било центар на градот, место на сите збиднувања кон кое воделе сите патишта.

    500 години постоење на Куманово

    500 години постоење на Куманово

    Веројатно поголемиот дел од кумановци знаат и слушнале дека Куманово оваа 2019 година прославува јубилеј 500 години постоење.  На сите добро ни е позната 1519 година која се наоѓа на грбот на Куманово. Таа 1519 година, не е година кoja што е значајна само за Куманово, туку во светски размери е година во која се случувале  многу значајни географски, историски и други настани. Така 1519 година е основана Панама, главниот град на истоимената државата Панама. 1519 година Фернандо Магелан ја започнал својата експедиција на „Патот околу светот“. 1519 година Шпанците ја откриле островската држава во Карипското море, Барбадос. Таа 1519 година шпанскиот конквистадор Фернандо Кортес го започнал освојувањето на Ацтешкото царство. 1519 година започнала мексиканско-индијанската војна, тогаш  починал Леонардо да Винчи, а била родена француската кралица Катарина Медичи. Има уште многу што - што се случило таа 1519 година, но, да се навратиме на градот Куманово и кумановскиот крај за кој овде ќе обрнеме повеќе внимание.

    Кумановско краиште - една зона во кумановскиот крај

    Кумановско краиште - една зона во кумановскиот крај

    Крајните северозападни делови на кумановската област, долж границата со соседна Република Србија, во литературата од минатото е запишано како Кумановско краиште. Денеска, обично меѓу населението од кумановскиот крај, не се користи таков термин за северозападниот дел на кумановско.

    Народна медицина во Кумановскиот крај

    Народна медицина во Кумановскиот крај

    Народна медицина или традиционална домашна медицина е „медицински систем“ кој се применува во народот, а кој се заснова на искуство, магии (гатање) и традиционални препарати од традиционалната домашна медицина. Чувството на болка, тажнеење, закани, осаменост и потребата за заштита наметната врз човекот од неговата болест, побарало од човекот некое објаснување.

    Повоено иселување од кумановскиот крај во Војводина

    Повоено иселување од кумановскиот крај во Војводина

    При крајот на Втората светска војна, германското население од Војводина, главно како соработник на окупаторот, се повлекло со национал-социјалистичката војска. Во напуштените населби се населиле жители од другите краеви на поранешна Југославија, пред се семејства од југот, југозападот и западот на земјата.

    ЗА КУМАНОВСКИОТ ГОВОР

    ЗА КУМАНОВСКИОТ ГОВОР

    Второто издание на пиесата „Ленче Кумановче“ на кумановски говор,(првото издание беше објавено во бројјот 45-46 ), онака како што ја напишал Васил Иљоски во 1927 година беше повод, во воведников на четириесет и седмиот (47) број на „Корени“, да споменеме нешто за кумановскиот говор, овој невообичен дијалект од богатото семејство на говори во македонскиот јазик.