АБА Струмица - КК Куманово
19.10.2010 16:56
| KumanovoNews
Во третото коло од Првата кошаркарска лига, нашите кошаркари ќе и гостуваат на екипата на АБА Струмица.

Покрај првите два пораза од Овче Поле и Фени Индустри, нашите кошаркари својата прва победа ќе ја бараат против екипата која заедно со Куманово влегоа во најквалитетното натпреварување.
АБА Струмица, исто така забележа два пораза во првите два натпревари, од Фени Индустри и Работнички.
Поради подобрата кош разлика, АБА(-26) се наоѓа на 8. а Куманово(-35) на 9. место.
Во останатите натпревари се среќаваат: Торус - Работнички, Лирија - Ултимејт Баскет, Овче Поле - Пелистер, Фени Индустри - МЗТ Скопје.