Американците го освојиа златото
12.09.2010 21:15
| KumanovoNews
Кошаркарите на САД го освојиа Светското првенство во Турција и по 16 години го вратија златниот медал во својата земја.

Американците во финалето без проблем ја совладаа домашната Турска репрезентација со резултат 81:64.
Најефикасен на тернот беше Дурант со 28 поени, Одом 15 поени и Вестрбук 13 поени. На спротивната страна само Туркоглу имаше двоцифрен учинок со 16 поени. По се што се случуваше на светското првенство Американците потполно заслужено го освојиа златото. Втори се домаќините Турција, трета Литванија, а фаворитот на кумановци репрезентацијата на Србија заврши на четвртото место.