Челзи ќе го продаде Кол?
Рускиот милијардер Роман Абрамовиќ, сопственикот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, порaчал дека не сака да троши повеќе пари на Џо Кол (28). Причината за ваквата изјава е тоа што англискиот репрезентативец малку играше сезонава, каде Челзи најверојатно ќе го освои шампионскиот трофеј.

Освен со повредите, Кол, и додека беше здрав, не успеа да ја наметне својата игра кај новиот тренер на Стемфорд Бриџ Карло Анчелоти, и постигна само два погодоци во текот на Премиерлигашката сезона.
Клубот годишно на контото на Кол исплаќа 6.2 милиони англиски фунти и изгледа дека во овој момент е многу поблиску до тоа да го продаде одличниот фудбалер, отколку да го задржи во своите редови.