Чикаго го победи Бостон
14.04.2010 11:32
| KumanovoNews
Синоќа се одиграа четири натпревари до НБА лигата. Кошаркарите на Чикаго Булс успеаа да го победат Бостон Селтикс со 101:93, но на едно коло пред крајот на регуларниот дел од сезоната, местото во плејофот сеуште не им е загарантирано.

Најефикасен во тимот на Чикаго беше Дерик Роуз со 39 постигнати поени. Во тимот на Бостон, Пол Пирс постигна 28, а Реј Ален 25 поени.