Дел Пиеро оди по стапките на Бекам
20.04.2010 09:13
| KumanovoNews
Иконата на Јувентус Алесандро Дел Пиеро сериозно размислувал да премине во редовите на американскиот Њујорк Ред Булс, објавуваат медиумите.

На адреса на напаѓачот на Јувентус стигнала атрактивна понуда од екипата на Њујорк Ред Булс, за која Дел Пиеро сериозно размислувал. Неговиот договор со "Старата дама" истекува следното лето, но "Газета дело Спорт" верува дека Дел Пиеро е спремен да го напушти клубот уште ова лето. Освојувачот на Светското првенство со репрезентацијата на Италија е свесен дека на екипата и се потребни големи промени па тој не сака неговото останување во клубот да биде терет за клубот кој е во неговото срце.