Денеска трето коло во Европската лига
Нови 24 меча во 12 групи се играат денеска во третото коло во Европската лига на УЕФА. Дерби натпреварире се закажани во Неапол и Истанбул.

Во денешните мечеви најверојатно нема да играат двајцата македонски репрезентативци: во Динамо Киев (Горан Попов) и Левски (Дарко Тасеваски) поради повреди. Динамо Киев нема победа во првите две кола и гостува кај АЗ Алкмар, а Левски пак со една победа и еден пораз има тешко гостување во Франција.
ЦСКА Софија со тренерот Ѓоре Јовановски е домаќин на Рапид Виена и ќе се бори за првата победа, но во оваа група се игра едно дерби, Бешикташ - Порто. За прва победа ќе се бори и актуелниот бранител на трофејот Атлетико Мадрид против норвешки Розенборг, додека најголемото дерби е во Неапол каде гостува потонатиот Ливерпул, а мечот имаше предигра откако италијанските ултраси незадоволни од скапите влезници го раскопале теренот и ги искршиле головите.
Група А (21.05 ч.): Манчестер Сити - Лех, Салцбург - Јувентус
Група Б (21.05 ч.): Атлетико Мадрид - Розенборг, Арис - Баер Леверкузен
Група Ц (21.05 ч.): Спортинг Лисабон - Гент, Лил - Левски
Група Д (21.05 ч.): Виљареал - ПАОК, Динамо Загреб - Бриж
Група Е (21.05 ч.): Шериф - БАТЕ Борисов, АЗ Алкмар - Динамо Киев
Група Ф (21.05 ч.): Палермо - ЦСКА Москва, Спарта Прага - Лозана
Група Г (19 ч.): Зенит - Хајдук, Андерлехт - АЕК
Група Х (19 ч.): Јанг Бојс - Одензе, Штутгарт - ХетафеТ
Група И (19 ч.): Металист - Сампдорија, Дебрецен - ПСВ
Група Ј (19 ч.): Борусија Дортмунд - ПСЖ, Карпати - Севиља
Група К (19 ч.): Утрехт - Стеауа, Наполи - Ливерпул
Група Л (19 ч.): ЦСКА Софија - Рапид Виена, Бешикташ - Порто