Мени

Федерер победник на Австралиан опен по четврти пат

01.02.2010 15:33 | KumanovoNews

Најдобриот светски тенисер Рожер Федерер триумфираше на Грен слемот во Мелбурн, победувајки го Енди Мареј со резултат 3:0.

Федерер победник на Австралиан опен по четврти пат

Мечот се играше на основната линија, така да физички беше напорно. Енди е многу стрплив играч, и веројатно тоа го доведе до финалето. Првиот сет беше најинтересен, а да играв полошо прашање е каков би бил исходот на финалето. Морав да изиграм најдобро за да ја освојам титулата. Мареј е одличен играч и нема да чека долго до првата Грен слем титула - изјави Федерер.

По завршување на овој турнир Федерер останува прв на АТП листата, додека на второто место се искачи Новак Ѓоковиќ. Трет е Енди Мареј