Ибрахимовиќ се враќа во Милано
29.08.2010 12:06
| KumanovoNews
Напаѓачот на Барселона Златан Ибрахимовиќ се враќа во Италија, после едногодишниот престој во Шпанија.

Ибра пројде на позајмица во Милан, со опција на откуп на договорот на крајот од сезоната за 24 милиони евра.
Швеѓанинот во понеделник ќе ги изврши лекарските прегледи, а потоа ќе потпише четиригодишен договор.
„Јас сум играч на Милан и навистина сум среќен што се заврши се на најдобар можен начин. На навивачите на Интер немам ништо да им кажам“ - изјави Ибрахимовиќ.
Целата трансфер сага со коментар ја заврши неговиот агент Мино Рајола.
„Галијани беше брилијантен, ја спушти цената од 66 милиони евра на само 24 милиони“ - додаде Рајола.