Кошаркарите на гости во Струмица
05.05.2010 13:36
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово, денеска во 18 часот ќе гостуваат на екипата на КК Милениум во Струмица.

Овој натпревар, делумно ќе реши кој ќе се пласира во Првата македонска лига, бидејќи до крајот на регуларниот дел на сезоната има уште 3 кола. Следното коло кумановчани се слободни, а последното ќе го играат повторно во Струмица, против трето - пласираната екипа на АБА Струмица.