Куманово се надева на прва победа во Битола
03.11.2010 16:26
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово утре гостуваат во Битола. Против екипата на Пелистер кумановчани ќе ја бараат првата победа овогодинешната сезона.

Пелистер има само една победа повеќе од Куманово, и тоа против последнопласираната Лирија. Куманово во петте кола изигра против главните фаворити, па сега се очекува да влезе во победничка серија со кое ќе можат да го освојат планираното шесто место и пласман во Супер лига.
Веднаш потоа, во сабота Куманово го дочекува Ултимејт Баскет од Прилеп.