Куманово со прва победа во ракометната Супер лига
27.09.2010 14:12
| KumanovoNews
Во првиот натпревар на домашен терен, ракометарите на Куманово ја издвојуваа првата победа во најелитното друштво. Нашите ракометари беа поуспешни од Прилеп со резултат 39:29.

Во останатите натпревари играа, Пелистер - Вардар Про 22:32, Борец - Тинекс Пролет 28:27, додека Металург - ВВ Тинекс 32:20.
На табелата први се Металург и Вардар Про со 9 бодови, Пелистер и Борец имаат 6, Куманово и ВВ Тиквеш 3, а без бодови се Прилеп и Тинекс Пролет.