Марадона: Лавеци, земи ја „десетката“ во Наполи
02.11.2010 11:39
| KumanovoNews
Легендарниот Диего Марадона порача на фудбалерот на Наполи, Езекијел Лавеци да го смени сегашниот дрес, од 22 во 10.

Херојот на Наполи ја носеше „десетката“ пред дваесет години и верува дека Лавеци треба да го наследи.
Тој е специјална личност и голем играч. Ел Почо мора да носи дрес со број 10 а не 22 - изјави Марадона за „КалчоНаполи24“.
Лавеци во Наполи дојде 2007 година, каде му се ближи и стотиот настап. Марадона на југот на Италија проведе 7 години и освои 2 шампионски титули.