Меѓународниот турнир во кошарка "Растеме заедно"
21.05.2010 13:34
| KumanovoNews
Во организација на кошаркарскиот клуб „Пинк Пантери„ од Куманово утре во Спортската сала свечено ќе биде отворен Меѓународниот турнир во кошарка со слоганот "Растеме заедно".

Во недела ќе се одиграат полуфиналните и финални натпревари со почеток во 10 часот.
Станува збор за меѓународен турнир кој има хуманитарна цел, влезниците се со цена од 50 денари,а сите приходи што ќе бидат соберени ќе се донираат на Дневниот центар за деца со посебни потреби со возраст над 18 години "Порака", кои им се неопходни за поквалитетно функционирање-велат организаторите.