Мурињо е најдобар на светот
20.04.2010 14:24
| KumanovoNews
Во пресрет на првиот полуфинален меч од Лигата на Шампионите, се повеќе се подгрева атносферата помеѓу фудбалерите на Интер, кои вечер во Милано ќе ја пречекаат Барселона.

Тренерот на гостинската екипа, Пеп Гвардиола и неговиот играч Дани Алвеш денеска одржаа конференција за новинарите.
"Играме против силниот тим на Интер. Играме против најдобриот тренер на светот, Жозе Мурињо. Ги освои титулите во Португалија, Англија и Италија, па двобојот против него за мене е голема мотивација". - изјавил Гвардиола.