Мурињо го стави Кака на трансфер листа
15.07.2010 11:58
| KumanovoNews
Од Мадрид дојдоа вести дека бразилецот е вишок во тимот, и му е порачано да најде нов клуб.

Велат дека Мурињо веќе порачал дека е нелогично да на клупа седи играч кој има плата 9 милиона годишно, и дека е најдобро Кака да најде нов клуб.
Мурињо во улога на плејмејкер го гледа Ван дер Варт кој би требал да има улога иста како Снајдер во Интер.
Португалецот се надева дека со продажбата на Кака, ќе добие средства за засилување на последната линија, бидејки не се одкажува од Мајкон и Ешли Кол, а за тие трансфери му се потребни 70 милиони евра