Од утре започнува спортскиот викенд во Куманово
25.02.2010 13:08
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово утре во Спортската сала во Куманово ќе го одиграат петтото коло во пролетниот дел од кошаркарската Втора лига против екипата на Илинднен.

По поразот во Прилеп, кумановци ќе ја бараат својата шанса за победа против скопската екипа која се наоѓа на средината на табелата. Мечот започнува во 20 часот.
Ракометарите својот првенствен натпревар ќе го одиграат во сабота против екипата на Риниа-М од Скопје. Овој натпревар започнува во 17:15