По математичка формула Србија ќе игра со Бразил во финале на СП
Во својата книга „Зошто Англија губи“ авторите Сајмон Купер и Стефан Симански, ја претставија математичка формула по која во Финалето на Мундијалот ќе играат Бразил и Србија.

Како што пренесува српскиот весник Блиц, употребата на нестандардни статистички методи, како што се бруто општествено производство, популација и повеќедецениски остварувања на теренот, овој научно - новинарски тандем тврди дека со нивната формула може да се погодат резултати во 72% од случаите.
Според Купер и Симански, Србија ќе биде втора во групата, а на прво место ќе биде Германија, потоа Србија ќе издвојува победи против, САД, Јужна Кореа во четвртфинале, а против европскиот првак Шпанија во полуфинале. Финалето ќе го изгубат од Бразил.