Порака на Турнир во мал фудбал во Прилеп
17.06.2010 15:08
| KumanovoNews
Штитениците на дневниот центар „Порака„, деновиве учествуваа на фудбалски турнир во Прилеп за учесници со посебни потреби. Турнирот беше во организација на ФФМ, градоначалникот на Прилеп и А1 телевизија.

Претставниците од Порака се задоволни од постигнатите резултати на натпреварувањето.
Децата се дружеа и забавуваа, а постигнаа и резултати на кои се горди. Драго ни е што бевме дел од оваа спортската манифестација-велат од Порака.
Дневниот центар Порака и во текот на летото ќе продолжи со своите спортски и културни активности што се предвидени со програмата.