Ракометарите го дочекуваат Тинекс Пролет
10.10.2010 16:00
| KumanovoNews
Во недела во Спортската сала во Куманово, ракометарите на Куманово ја пречекуваат екипата на Тинекс Пролет.

После поразите од фаворитите Металург и Вардар, ракометарите ќе ја бркаат втората победа, одкако на домашен терен беа поуспешни од Прилеп.
Натпреварот започнува во 18:30