Робињо стигна во Милан
31.08.2010 12:58
| KumanovoNews
Репрезентативецот на Бразил Робињо допадува во Италија, каде ќе потпише договор со Милан, доколку се реализира трансферот на Марко Бориело во Јувентус.

Робињно ќе треба да ги изврши лекарските прегледи, по што би преговарал за условите под кои би играл за Милан. Напаѓачот на Манчестер Сити минатата сезона ја изигра како позајмен играч во Сантос, и придонесе за освојување на титулата првак на Бразил.
Доколку се реализира овој трансфер, тоа би било второ големо засилување на Милан после доаѓањето на Ибрахимовиќ од Барселона.
Милан имаше одличен старт на сеозната победувајки го Лече со 4:0.