Спортската сала во „Перо Наков„ ќе се пушти на есен
Спортската сала во Средното училиште „Перо Наков„ ќе биде готова до почетокот на новата учебна година. Учениците од ова училиште, но и сите спортски клубови и поединци од есен ќе можат да ја користат салата за спортски активности.

-Завршени се градежните работи, кровната контрукција, постевени се громобраните и моментално се работи на поставување на влезните врати, прозорците и останува да се уреди внатреШниот ентериер. По договорот планирано е салата да се заврши до 1 септември, а свеченото отворање да биде на 11 Ноември, Денот на градот- вели директорот Момчило Антевски.
Салата почна да се доградува пред осум месеци, а има капацитет од 400 гледачи. Оваа спортска сала ќе биде една од поубавите и во многу ќе се разликува од останатите, па може да се користи и на меѓународни натпревари. ранг.