Спортски викенд во Куманово
19.03.2010 15:22
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово утре во Спортската сала во 17.30 часот ја пречекуваат екипата на Лирија од Скопје. Моментално кумановчани се наоѓаат на третото место на табелата, но имаат и натпревар помалку во однос на прво и второ пласираните Ултимејт Баскет и АБА Струмица.

Ракометарите на Куманово од како не успејаа да се пласираат во завршницата на Купот на Македонија, во недела во 19.00 часот го пречекуваат РК Овче Поле. Следниот викенд доаѓа и Борец од Велес кој со Куманово и Овче Поле е главен кандидат за двете места кои водат во Супер лигата и во овие два дерби натпревари ќе се решат и патниците.