Торес поради повреда ја заврши сезоната
19.04.2010 11:41
| KumanovoNews
Фудбалерот на Ливрпул и шпанскиот репрезентативец Фернандо Торес, оваа сезона нема среќа. Не само што поради повредата на коленото во нарениoт месец ќе го гледа Ливерпул само од трибините, туку во прашање е доведено и неговото учество на Мондијалот.

Лекарскиот тим на Ливерпул утврдил дека тој мора да се подвргне на операција на коленото, која ќе бара подолготрајно опоравување, па црвените во сезоната во која се борат за четвртоо место на табелата на Премиер лигата и трофејот во Лигата на Европа ќе ја заврши без најдобриот напаѓач.