Турнир на ракомет во Куманово
11.03.2010 17:58
| KumanovoNews
Ракометниот клуб Куманово е организатор на четврт - финалната група на купот на Македонија. Поради финансиски проблеми ракометарите на Партизан од Кичево го одкажаа својот настап па кумановчани ќе го очекуваат победникот од вториот двомеч.

Првиот натпревар ќе се одигра во сабота во 16:30 помеѓу Тиквеш Кавадарци и Преспа од Ресен. Во недела (18:30) Куманово ќе го дочека победникот од првиот меч. Победникот од овој меч ќе учествува на завршниот турнир кој ќе се одигра во салата Борис Трајковски.