Уште една победа на ракометарите
Натпреварот одигран вчера помеѓу РК Куманово и РК Младост заврши со убедлива победа за РК Куманово. Гостите од Ресен со својата млада екипа никако неможеше да претставува сериозен противник на РК Куманово.

Првото полувреме заврши со 8-24 во корист на кумановчани.
Низ целото второ полувреме на теренот играше вториот тим на РК Куманово. Натпреварот заврши со резултат од 21-49.
Во недела на 28.03.2010 со почеток во 18.00 часот, ќе се одигра дерби натпревар за освојување на првото место во втората лига. Куманово го пречекува РК Борец од Велес, и ова претставува борба за влез во Македонска супер лига меѓу првопласираниот против второпласираниот тим.
Д.И.