ВМРО-ДПМНЕ организира турнир во мал фудбал
21.10.2010 10:41
| KumanovoNews
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, по повод Денот на македонската револуционерна борба во недела организира Турнир во мал фудбал.

На турнирот ќе учествуваат екипи на месните ограноци на партијата од Куманово. Турнирот започнува во 9 часот во спортската сала, а ќе трае во текот на целиот ден.