Вујошевиќ има нов помошнок
13.04.2010 10:22
| KumanovoNews
Стручниот штаб на Кошаркарскиот клуб на Партизан од денеска има нов член во својот тим. Миливоје Лазиќ ќе се придружи на асистентите на тренерот Вујошевиќ, Јовановиќ и Глигоријевиќ во стручните подготовки.

Лазиќ има 32 години и досега работел во повеќе клубови, како и во сениорската репрезентација на Србија во квалификациите за Европско првенство во Полска.