Во недела ќе бидат затворени повеќе улици во Куманово поради одбележувањето на 11 Октомври
09.10.2026 12:57
| KumanovoNews
По повод одбележување на 11 Октомври - Ден на востанието, во недела од 09:00 до 14.00 часот, ќе бидат затворени повеќе улици во центарот на Куманово.
„Поради одржување на повеќе културни и спортски настани ќе бидат затворени дел од улиците „Гоце Делчев“, „11 Октомври“, „Доне Божинов“, „Октомвриска револуција“, „Иво Лола Рибар“, „Трета македонска ударна бригада“ и „Ѓорче Петров“. Полициските службеници од СВР Куманово ќе преземат мерки за пренасочување на сообраќајот“, соопшти СВР Куманово.
Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници.