Без струја делови од Куманово
07.10.2026 08:54
| KumanovoNews
Поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, денеска и во наредните два дена ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации во Куманово.
Денеска, од 09:00 до 13:15 часот, без струја ќе бидат потрошувачите на ул. „Видое Смилевски Бато“, дел од ул. „Васко Карангелевски“ и дел од ул. „АВНОЈ“. Од 09 до 15 часот, прекин ќе има на ул. „11-ти Ноември“ и ул. „Трајко Јовановски“, ; Од 09 до 11 часот на ул. „Никшиќка“ и ул. „Тоде Думба“. Од 11:15 до 14:45 часот ул. „Титова Митровачка“ и ул. „Лесковачка.
Утре и задутре / 8 и 9 октомври/, од 09:00 до 15:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има на ул. „11-ти Ноември“ и ул. „Трајко Јовановски“.