Мени

Просечната нето-плата во септември 49.141 денар

23.11.2026 13:42 | KumanovoNews

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесувала 49.141 денар и бележи зголемување од 8,1 проценти во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Просечната нето-плата во септември 49.141 денар

Зголемувањето на просечната нето-плата, како што наведуваат од ДЗС, пред сè се должи на повисоките исплатени плати во секторот – снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, каде што е забележан раст од 11,6 проценти.

Раст на платите е регистриран и во секторот – административни и помошни услужни дејности за 10,6 проценти, како и во – трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10 проценти.

Во споредба со претходниот месец, август, зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата е забележано во секторите: рударство и вадење камен за 6 проценти, преработувачка индустрија за 3 проценти и јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 2,5 проценти.

Просечната бруто-плата по вработен, пак, во септември изнесувала 73.940 денари.