Мени

Бронзен медал за пинпонгарите на Куманово на Државно првенство во Битола

23.11.2026 13:27 | KumanovoNews

 Пингпонгарите Андреј Васевски и Јаков Јакимовски од ПК „Куманово“, освоија трето место на Државното поединечно првенството за играчи до 21 година,  кој викендов се одржа во Битола.

Бронзен медал за пинпонгарите на Куманово на Државно првенство во Битола

„Освоеното трето место во игра на двојки е реален и објективен резултат во овој момент. Инаку во поединечна конкуренција, моите ученици ја поминаа групната фаза и се пласираа во елиминацискиот дел од оваа првенството. Јакимовски загуби од овогодишниот државен првак, а, пак,  Васевски избори пласман во осумте најдобри на оваа првенството, што му овозможи учество на топ 8 за играчи до 21 година“,  истакна тренерот Мики Трендафиловски.