Без струја утре и во наредните денови села во Липково и улици во Куманово
Поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, утре и во наредните денови без електрична енергија ќе останат потрошувачите на повеќе населени места и делови од улици во Кумановско и Липковско.
Во понеделник, прекини во снабдувањето од 6:30 до 11:00 часот ќе има во Липковските села: Опае, Слупчане, Оризаре, Ваксинце, Алешевце, Извор и Белановце. Од 7:00 до 15:30 часот во селата Матејче, Никуштак и Виштица.
Во вторник, прекини се најавени од 8:00 до 13:00 часот на делови од улиците „Егејска Македонија“, „Живко Чало“ и „Иго Тричковиќ“ во Куманово. Од 10:25 до 12:00 часот – Биљановце, Бабин Дол, М.В. Краста со каменоломи, с. Пчиња, с. Студена Бара, с. Винце и с. Вакав.
На 24 септември, без струја ќе бидат од 8:30 до 15:00 часот, с. Војник, с. Клечовце, с. Зубовце, с. Новосељане, с. Косматац, с. Мургаш, с. Кутлибег, с. Пезово, с. Кокошиње, с. Кшање, с. Скачковце, с. Колитско, с. Габреш, с. Кучкарево, с. Орман, с. Градиште и с. Стрезовце.
Од 10:30 до 12:00 часот – Бејтеви Ниви, населба Иго Тричковиќ – Пуковско, с. Тромеѓа, с. Младо Нагоричане, Багремов Цвет и Мајорово Трло.
Прекините се планирани поради работи на електродистрибутивната мрежа, а времетраењето може да зависи од текот на интервенциите.