Четириесет и втора седница на Советот на Општина Куманово
23.06.2020 11:28
| KumanovoNews
Советот во Општина Куманово, утре ќе одржи редовна седница. Седницата ќе се одржи во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10 часот.

Дневен ред
1. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.2020 – 31.03.2020 година;
2. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за начин на користење на тениски терен „23 Октомври“ Куманово и утврдување на цена на влезници за 2020 година;
3. Предлог – Одлука за начин на користење на „Градски стадион“ Куманово.