Мени

Деновите на српската култура во Куманово завршуваат со хуманитарен концерт на КУД „Српски вез“

03.11.2026 08:52 | KumanovoNews

Во Занаетчискиот дом во Куманово, утре со почеток во 19 часот ќе се одржи завршниот настан на Деновите на српската култура во Куманово, во организација на КУД „Српски вез“ од Куманово.

 

Деновите на српската култура во Куманово завршуваат со хуманитарен концерт на КУД „Српски вез“

Манифестацијата традиционално се организира по повод Денот на ослободувањето на Куманово – 11 Ноември.

„Членовите на „Српски вез“ се потрудија и подготвија богата програма, во која ќе бидат застапени сите секции на друштвото. Ќе има и неколку изненадувања. Важно е да се напомене дека манифестацијата има хуманитарен карактер и сите собрани средства ќе бидат донирани за лекување на Олгица Давидовска, која боледува од прогресивна мултиплекс склероза“, изјави претседателот на КУД „Српски вез“, Далибор Китановиќ.

Манифестацијата е поддржана од Општина Куманово, Управата за соработка со Србите во регионот и дијаспората, како и од Министерството за култура на Србија.