Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ивана Лазаревска од Куманово е нова директорка на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во Куманово.
Избрана е на седница на управен одбор на бордот на директори на АД.
Лазаревска доаѓа на оваа позиција со силна визија за унапредување на работењето на друштвото, а како приоритети на нејзиното работење се најавуваат подобрување на управувањето со постоечките објекти и развој на нови проекти.
„Оваа акционерско друштво има огромен потенцијал да креира вредности и да диктира текови, да создава за доброто на државата и граѓаните. Планирам сериозни проекти, но и кратења. Ќе работиме ефикасно, одговорно, посветено и транспарентно, имаме високи амбиции. Сакам да бидеме пример за успешно работење“, истакна Лазаревска.
Лазаревска по професија е дипломиран социјален работник, со работен стаж од 15 години во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Куманово. Од неодамна е вработена во АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.
Новата директорка доаѓа на местото на досегашниот директор Владимир Арсовски.
Лазаревска е претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово и претседателка на Комисијата за труд и социјална политика.