Мени

Промоција на филмот „Мојот син“ утре во Занаетчискиот дом

24.11.2026 09:36 | KumanovoNews

Во Занаетчискиот дом во Куманово утре ќе се одржи промоција на документарниот филм „Мојот син“, на кумановецот Маријан Стевановски.

Промоција на филмот „Мојот син“ утре во Занаетчискиот дом

Филмот е посветен на животот и делото на музичарот Филип Стевановски, синот на авторот, кој го загуби животот во пожарот во дискотеката во Кочани.

„Мојот син“ е прогласен за најдобар филм на Интернационалниот фестивал на аматерски и документарен филм во Битола, каде што ја освои Гран при наградата „Камера 300“, како и плакетата „Милтон Манаки“.

„Постојат филмови што се гледаат, но постојат и филмови што оставаат трага во срцето. Ве покануваме на проекцијата на документарниот филм „Мојот син“ – филмско остварување зад кое стојат огромна љубов, посветеност, креативност и љубов кон уметноста“, напиша авторот Стевановски.

Текстот, сценариото, режијата и монтажата се дело на Стевановски, додека нарацијата е на актерот Илија Волчески.

Филип Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистер по џез науки и директор на Центарот за култура во Штип. Беше и уметнички директор на Кумановскиот џез фестивал.

Проекцијата е закажана за утре во 20 часот.