Мени

Со фантомки и дрвени палки шетале низ центарот на Куманово

24.11.2026 11:20 | KumanovoNews

Група млади со фантомки на главите и дрвени палки во рацете била забележана ноќеска во централното градско подрачје на Куманово.

Со фантомки и дрвени палки шетале низ центарот на Куманово

Во 00:12 часот во СВР Куманово било пријавено дека во центарот на градот се движела поголема група млади лица кои носеле фантомки и дрвени палки.

„Лицата биле пронајдени, а предметите им биле одземени. Тие ќе бидат повикани во полициска станица, каде што со нив ќе се изврши службен разговор. По консултација со јавен обвинител, ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.