Изгореа 10 хектари букова шума во Отља
30.04.2026 08:53
| KumanovoNews
Околу 10 хектари букова шума изгореа вчера во голем пожар во липковското село Отља.
Според информациите од Шумско стопанство Куманово, пожарот избувнал во букова шума над селото Отља, поточно над каменоломот.
„Зафатена е површина од околу 10 хектари. Таму теренот не е пристапен за гаснење со моторни возила. Пожарот се движи во правец на атарот на селото Матејче и во атарот на Отља“, информираат од ШС Куманово.
Оттаму велат дека гаснењето на пожарот од страна на вработените ќе продолжи и денеска, доколку дождот не помогне да биде изгаснат.