Мени

Казнети 63 возачи за брзо возење на автопатот Куманово-Велес

04.02.2021 20:49 | KumanovoNews

 Сообраќајната полиција спроведе засилена акциска контрола на автопатот Куманово-Велес и обиколницата на Скопје, при тоа санкционирани се 63 возачи.

Казнети 63 возачи за брзо возење на автопатот Куманово-Велес

Според МВР, три возила се движеле со брзина од над 70 километри на час над дозволената, а девет возила со 50 до 70 километри на час над дозволеното.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, - соопштуваат од МВР.