Мени

Кумановци нападнале полицајци кои интервенирале по пријава за гласна музика

21.06.2020 21:46 | KumanovoNews

 Полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.И.(23) и Н.И.(53) двајцата од Куманово, бидејќи при постапување по претходна пријава за гласна музика истите физички нападнале полициски службеници.

Кумановци нападнале полицајци кои интервенирале по пријава за гласна музика

Нападот се случил ноќеска во 00,05 часот на ул. „Анѓа Ранковиќ“ во Куманово.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.